Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека Јоаким Лев го изостави Лерој Сане од списокот на патници на изминатиот Мундијал, што сепак беше одлука што многумина ги шокираше. Сепак, младиот крилен напаѓач доби повик од репрезентација на Германија за Лигата на нациите, а кога го напушти кампот, многумина се посомневаа дека нов раскол на релација Лев – Сане е во прашање.
Сепак, набрзо германски Билд ја пренесе шпекулација дека Сане го напуштил кампот со дозвола на селекторот, бидејќи неговата сопруга била пред породување.
Овие информации излегоа дека се вистинити, а Сане денес на социјалните мрежи соопшти дека стана татко.
„Неверојатно сум среќен и можам да ви го соопштам раѓањето на својата ќерка. И мајката и бебето се добри“.
BREAKING: Leroy Sane has left the Germany squad ‘for private reasons' pic.twitter.com/cSJiXTzhCc
— B/R Football (@brfootball) 7 September 2018