Сега е јасно поради што Челси го врати Аке од позајмица


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стоперот на Челси Нејтан Аке во јануари се врати на Стенфорд Бриџ од позајмица од Бурнемут.

Од враќањето во Челси, Аке не одигра ниту минута за ново/стариот клуб во Премиер лигата бидејќи Конте не сака да ја менува добитната формација која со сигурни чекори оди кон нова шампионска титула.

Сепак, постои добра причина поради што Аке е вратен од позајмица.

Според пишувањата на британските медиуми, Челси на лето спрема понуда за Вирџил ван Дајк, а Аке ќе биде дел од тоа.

Вредноста на одличниот Холанѓанец од Саутемптон се проценува на 50 милиони фунти, а планот на Челси е за него да го понуди Аке и дополнителна оштета.

Во тој случај, Челси финансиски подобро ќе помине, а и Саутемптон ќе добие многу добар квалитетен дефанзивец кој веројатно одма ќе влезе во првите единаесет.

Нејтан Аке (22) во оваа сезона одигра десет натпревари во Премиер лигата но сите во дресот на Бурнемут, за кој постигна дури три погодоци иако играше во одбраната.