„Сега сум ослободен од притисок“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Маркез вели пред трката во Австралија дека ќе ужива, бидејќи со освојувањето на титулата е тргнат притисокот од него. Тој сака и да ја обезбеди титулата во категорија на конструктори за Хонда.

    „Ова ќе биде викенд за уживање. Фантастично е да се дојде на Филип Ајленд без никаков притисок. Ова ми е една од омилените патеки покрај Остин и Арагон. Брза е и течна и овде се гледа кој е подобар возач. Се надевам само дека нема да биде ладно и ветровито.“

    Маркез за колега ќе го има шампионот од 2006, Ники Хејден. Американецот ќе го замени Педроса, кој ја скрши клучната коска во Мотеги.