Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез објасни зошто на Светското првенство не го водеше едниот од најдобрите фудбалери на Белгија, Раџа Нианголан.
„Постојат тешки одлуки, но тоа е причината зошто сум овде и тоа е она што се бара од мене. Нианголан? Причината беше тактичка. Не можев да му ја дадам улогата што ја има во клубот. Да можев да користам 12 играчи на теренот, тој би бил тука“, изјави Мартинез за белгиските медиуми.
Тогашниот играч на Рома, сега на Интер, неочекувано беше изоставен од списокот на репрезентативци на Белгија за Мундијалот, па поради ова се повлече од националниот тим.
„Ќе ми беше полесно доколку ги избирав најпопуларните играчи. Дојдов во Белгија да успеам, а не да ги гледам имињата на фудбалерите или нивното минато. Само ја гледам работата на фудбалерите кои работат со мене.“, кажа Маринез.
Белгија и покрај отсуството на Нианголан оствари добар резултат во Рисија, каде дојде до полуфиналето.