Сензација во Алтенмарк – Шнаер победничка во спустот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристин Шнаер од Австрија победи во спустот кој се одржа во Алтенмарк.

22-годишната скијачка славеше со време 1:21:15 и ја оствари првата победа во кариерата во својот 12 настап во светскиот куп.

Триумфот на Шнејер претставува големо изненадување бидејќи дека е член на репрезентацијата Б на Австрија и дека стартуваше со реден број 25.

На второто место заврши Тина Вајратер од Лихтенштајн(1:21:54), a трета беше американката Џеклин Вајлс(1:21:69) која исто така беше изненадување.

Следната недела скијачките ќе настапат во Гармиш Партенкирхен.