Сензација во Париз: Качанов го победи Ѓоковиќ во финалето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот Русин, Качанов стигна до голема обеда против Новак Ѓоковиќ и ја освои четвртата титула во професионалната кариера.

Младиот тенисер во финалето го совлада Ѓоковиќ со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-4.

Ѓоковиќ одлично го отвори дуелот и имаше предност од 3-1, но потоа Качанов почна да игра многу подобро, па направи пресврт и го освои првиот сет со 7-5.

Русинот продолжи со добрата игра и во вториот дел и на крајот го освои сетот со 6-4, па така направи вистинско изненадување во Франција.