Сензација: САД нема да оди на СП по 32 години (видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Луда завршница на квалификациите за пласман на Светското првенство имаше и во Северна и Централна Америка.

Епилогот ги изненади сите. На Мундијалот патуваат Мексико, Костарика, Панама, а Хондурас во баражот ќе игра против Австралија. Најголемото изненадување, непријатно во овој случај, е репрезентацијата на САД која по 32 години не обезбеди пласман на најголемото светско фудбалско натпреварување. Тоа им се случува прв пат од 1986 година.

Американците во последното коло влегоа со два бода повеќе од Хондурас и Панама и гостување кај последнопласираниот Тринидад и Тобаго. Се очекуваше лесна победа на САД, но тоа не се случи.

Со автоголот на Омар Гонзалез и голот на Алвин Џонс домаќинот по 37. минути водеше со 2:0. Во 47. минута Кристијан Пулишиќ ја врати надежта на Американците, но на крајот тоа остана и конечен резултат, а резултатите од останатите натпревари не одеа во прилог на САД.

Хондурас на домашен терен славеше против Мексико со 3:2, додека Панама со 2:1 ја совлада Костарика.