Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Како што пишува каталонскиот весник „Спорт“, Серхи Роберто побарал да биде продаден и е блиску до заминување од редовите на Барселона.
Доаѓањето на Паулињо во редовите на Барселона уште повеќе ја поттикнало желбата на Роберто да замине од клубот. Наводно играчот не бил задоволен и сметал дека клубот нема доверба во него и неговите квалитети.
За Серхи Роберто сериозен интерес има од неколку клубови меѓу кои Челси, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Милан, а неговата откупна клаузула е 36 милиони фунти.