Сер Алекс “заљубен” во генијот Пеп!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познатиот Шкотски стручњак сакаше лично да му ја честита победата на Пеп Гвардиола на одличниот натпревар во дербито на двата тима од Манчестер.

Сити предводени од Пеп го надигра Јунајтед и славеше со 2:1, но бројките на резултатот не ги покажуваат сите тактички замисли кои Шпанецот ги направи во текот на натпреварот.

Сити во првиот дел можеше да постигне барем уште еден гол, а на некој моменти изгледаше дека Мурињо нема одговор на неговите акции.

По очекувањата, се од трибините следеше големиот Сер Алекс Фергусон кој по кознае кој пат не го криеше задоволството кон Пеп Гвардиола.

Англиските медиуми под овој наслов пишуваат дека по мечот, Фергусон го чекал Гвардиола за лично да му пружи рака и да му честита на маестралната партија против неговиот Јунајтед.

Инаку, големиот Сер Алекс во повеќе наврати јавно го пофалувал јавно Гвардиола, од кого има порази во финалето на Лигата на шампионите во 2009та година кога Барселона на Олимпико славеше со 2:0, a во 2011 на Вембли резултатот беше 3:1.

И тогаш Сер Алекс ја фалеше Барса, која беше предводена од Пеп.

“Никој никогаш ме нема надиграно како Пеп Гвардиола. А тој дури успеа два пати, овој тим на Барселона е најдобриот против кој сум се натпреварувал. Но, не беше Меси кривецот за нашиот пораз, него чудесниот тандем Чави-Иниеста, тие одлично имаат контрола над топката во нивните нозе”, изјавил тогаш Фергусон.

Од тој период, Шкотот и Каталонецот се во добри односи, но тоа не се промени ни од кога Пеп го превзема Манчестер сити.

Англиските медиуми дури потсетуваат дека Пеп бил прв избор за замена на Фергусон во 2013 година, но Шпанецот ги избра Баерн Минхен, па Јунајтед се сврте кон Дејвид Мојс.