Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер во редовите на Челси, Сеск Фабрегас откри за британските медиуми кога е тажен во лондонскиот клуб.
Шпанскиот интернационалец беше стартер во само пет овосезонски натпревари за Челси, што претставува најголем проблем.
Италијанскиот стручнак, Антонио Конте предност дава на Немања Матиќ и Нголо Канте во средината на теренот.
Меѓутоа, треба да се признае дека Челси настапува одлично во оваа сезона, во одлична форма се, а познато е дека тимот кој победува не се менува, така исто размислува и Антонио Конте.
29-годишниот шпански фудбалер во натпеварот против Хал Сити запиша и асистенција кога неговиот соиграч Гери Кејхил постигна погодок после уфрлувањето на Фабрегас.
Првиот погодок го постигна Диего Коста во седмата минута од продолжението на првото полувреме.
„Јас сум фудбалер да победувам и уживам. Кога не играм тажен сум и не уживам во фудбалот, но тоа се случува затоа што тимот игра одлично и без мене. Фудбалот е мој живот, тој ми претставува се“, рече Фабрегас кој пред Челси настапуваше за Арсенал во ПЛ за официјалниот сајт на Сините.
„Кога добивам шанса на теренот, давам се од себе. Во неделниот натпревар се беше супер, така треба да продолжам и да докажувам на тренерот дека треба да играм во првиот состав“, рече Фабрегас.
Челси после 22 комплетирани кола се наоѓа на првото место од ПЛ со 55 бодови, осум бодови повеќе од второтипласираниот Арсенал, а во следното коло гостуваат во Ливерпул во дербито на колото на Енфилд.