Се бара „кртот“: Мурињо спроведе истрага во соблекувалната на Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед викендот ремизираа на гостувањето против Челзи (2-2) во деветтото коло од Премиер лигата.

Црвените ѓаволи со головите на Антонио Марсијал направија пресврт од 2-1, а во другиот дел беа на чекор до победа но тогаш во петата минута од судиското надополнување рос Баркли погоди за 2-2.

Во центар на вниманието на овој натпревар беше Жозе Мурињо кој сакаше да се тепа со еден од членовите на стручниот штаб на Плавите бидејќи беше видно испровоциран.

Сепак, обезедувањето на стадионот брзо реагираше и спречи поголем инцидент, но англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот стручњак би можел да добие суспензија, но за Мурињо моментално тоа не е најголем проблем, тој повеќе е разочаран од ситуацијата во соблекувалната, односно откри дека има ,,крт”.

Како што пренесува Мирор, Мурињо одлучил да покрене истрага која се однесува на играчите и на членовите на стручниот штаб бидејќи некој го открил почетниот состав на екипата многу пред почетокот на натпреварот. Португалецот дознал дека Маурицио Сари неколку часа пред натпреварот го знаел составот на Јунајтед, т.е. заклучил дека некој оддал информација од соблекувалната на Црвените Ѓаволи.

Она што најмногу го налутило Мурињо е што составот за натпреварот со Плавите се нашол на социјалните мрежи во саботата наутро. Доколку дознае кој ја открил информацијата од соблекувалната сигурно дека ќе одлучи за најжестока казна.