Се воведува ново фудбалско правило во Англија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од наредната сезона во Англија ќе се тестира ново фудбалско правило.

Според медиумите, ФА планира од наредната сезона да проба правило за привремено исклучување во натпреварите од пониските лиги.

Па таму ќе постои можност да се исклучат играчите на 10 минути поради приговор или бурна реакција, со што ќе се стави крај на незгодните судиски одлуки.

ФА минатиот викенд испрати повик до повеќе од 1000 клубови да одговорат дали сакаат да учествуваат во ваков пилот проект. Исто така, планирано е новото правило да биде тестирано и во женскиот фудбал.