Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата го совлада Лестер со 2-1 , но веќе во второто коло доживеаа пораз од Брајтон.
Во тимот не беа Алексис Санчез и Антонио Валенсија, но исто и репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ.
Во прашање е повреда, Матиќ имаше и мал хируршки зафат на абдоменот пред триесетина дена.
Сега стигнаа добри вести за Мурињо, но и за клубот. Валенсија и Матиќ се вратија во потребен момент и треба да бидат спремни за третото коло.
Јунајтед го дочекува Тотенхем и ова ќе биде многу важен меч за Мурињо.
Ќе се види каква е ситуацијата со Санчез, доколку Чилеанецот биде спремен, Јунајтед ќе може да излезе на теренот во најдобар состав.