Се враќа љубовта меѓу Јаја и Пеп, а дали тоа значи и нов договор?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во соблекулната на Манчестер Сити повторно владее одлична атмосфера.

Сити денеска го победи Арсенал во големото дерби, Јаја Туре повторно беше стартер, одигра на свое ниво, а судејќи по се, Пеп Гвардиола повторно го цени колку и заслужува.

„Туре изгледа како дете на терен, поседува неверојатен карактер. Кога влеговме во криза со играта, тој беше тука да поправи и беше вонсериски денеска“, рече Гвардиола, а потоа се наврати на можноста за Јаја Туре да добие нов договор бидејќи моменталниот му истекува на лето.

„Имаме доволно време да размислиме за тоа“, истакна Пеп.

Меѓу нив изгледа повеќе нема проблеми, а тоа го потврдува видеото што се појави на Твитер Твитер на кое Пеп му се прикрадува на Јаја позади грб и чека кој знае колку додека овој не одреагира, после што следеше смеа.

Ова сигурно се одлични вести за Манчестер сити во продолжението во борбата за титула.