Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Интер играат солидно оваа сезона и моментално се наоѓаат на третата позиција на табелата во Серија А.
Од клубот најавија голема реконструкција на лето, бидејќи позицијата спортски директор ја презема Џузепе Марота, кој нанижа доста успеси на истата позиција и во Јувентус.
Доста изминатите денови се зборуваше за практично договорениот трансфер на Диего Годин од Атлетико во Интер, но „АС“ на почетокот ги негираше тврдењата на „Скај Спорт“.
Сепак, денес најголемата радио станица во Шпанија потврди дека двете страни лесно се договориле и дека Диего Годин на крајот од сезоната ќе стане играч на Интер.
Имено, искусниот одбранбен фудбалер би требало да потпише двегодишен договор со опција на „Сан Сиро“ да остане и трета сезона, со плата од 5,5 милиони евра годишно.
Годино беше подготвен да потпише едногодишен договор со Атлетико за подобри финансиски услови од моменталните, меѓутоа, изостана реакцијата на управата на „Јорганџиите“.
Репрезентативецот на Уругвај во 2010. година пристигна во Атлетико од Виљареал, а настапуваше уште и за Насионал и Сера.
Фудбалерите на Интер во следното 20. коло во Серија А, на „Џузепе Меаца“ ќе ја пречекаат екипата на Сасуоло.