Се е само фарса: Соопштението на Интер говори дека Икарди лаже, се огласи и Ванда…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Интер стигнуваат одредени индикации, не му веруваат на бившиот капитен, а изгледа дека се обидуваат и да го продадат.

Нема ден без дискусија, имено Интер се сомнева дека повредата на Икарди е причина само да не игра, бидејќи му е одземена капитенската лента.

Тој се жали на болка во десното колено, но соопштението на Интер по прегледите на клиниката Хуманитас е индикативно.

„Тие не го обвинија директно играчот, но сметаат дека повредата сепак е повеќе последица од одземањето на капитенската лента, односно дека Икарди не сака да игра. Постои програм за закрепнување, нема да биде во тимот денес, но ниту за викендот“, пишуваат медиумите.

Реагираше и Ванда која повторно зборуваше за лагите кои им се подметнуваат и потсети дека нејзиниот сопруг против советите на медицинските лица играше во Рим во последното коло изминатата сезона кога Интер го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите.

Сепак, Интер како што се наведува веќе ги овластил агентите да преговараат со Челси кој е заинтересиран за Аргентинецот, додека ќе се обидат да го избегнат Јувентус, иако сега се споменува и Наполи.

Ниту на Икарди не му одговара да не игра бидејќи во јуни е Копа Америка, а тој сака свое место во репрезентацијата.