Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Собранието на италијанскиот фудбалски Сојуз одржа седница во Милано на која се усвоени одредени промени кои се однесуваат на распоредот на натпреварите од Серија А во наредната сезона.
Така клубовите од елитната класа на италијанскиот фудбал, по примерот на Англичаните, ќе бидат активни за време на божиќните и новогодишните празници.
Одлучено е натпревари од Серија А да се играат на 23 и 30 декември, а тогаш и на 6 јануари после што ќе следи пауза од 15 дена.
Од друга страна, новата сезона ќе започне на 20 август, пренесува Газета дело Спорт.
Овој систем е сличен кој во последните неколку години е на сила во Серија Б, а раководството на италијанскиот сојуз изгледа им се допаѓа идејата за одигрување на натпреварите ококу празниците па тоа ќе биде применето и во Серија А.