Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Енди Мареј изјави дека откако станал прв тенисер има проблеми со мотивацијата.
„Дојдов до првото место на крајот на годината, а потоа ми беше тешко да си поставам нови цели.“
„Во текот на последните 7-8 години секогаш се трудев да ја имам најдобрата форма за да играм на Грен Слем турнирите, а тоа беше случај и сега. Секогаш се чувствувам дополнително мотивиран.“
„Дали е ова тежок момент за мене? Никако, прв сум во светот, бев и во лошите ситуации, како кога се вратив од операцијата на грбот. Кога бев помлад имав многу повеќе проблеми од сега.“
„Последните неколку месеци не беа добри, но се надевам дека ќе направам пресврт во кариерата.“