Се огласија Маркињос и Верати по повод трансферите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ многу лесно можеше да остане без двајца во преодниот рок, посебно поради слабите резултати во оваа сезона.

Дефанзивецот Маркињос и играчот за врска Марко Верати често во последните неколку месеци, па и години, беа во медиумите како фудбалери кои можат да го напуштат ПСЖ.

Тоа сеуште не се случи.

Веројатно нема да се случи, судејќи по нивните зборови.

„Мојата иднина? Ќе бидам овде и во следната сезона да освојуваме титули“, рече Маркињос за „Канал +“.

Од друга страна, Марко Верати исто така се изјасни, и тој сака да остане во клубот  и во наредната сезона.

„Да, имам договор со ПСЖ, останувам овде бидејќи ми се допаѓа Париз“, рече Верати, кој има договор се до 2021 година со Парижаните.