Се огласија навивачите на Реал. Еве што мислат за доаѓањето на Нејмар

Нејмар често се доведува во врска со Реал Мадрид, дали ќе дојде до овој трансфер?

ПСЖ постави цена за Нејмар и не е воопшто ниска, 400 милиони евра. Може ли некој ова да го исплати. Тешко, но доколку некој може тоа е Реал Мадрид.

Често пати се појавува шпекулацијата дека Реал Мадрид би можел да направи „бомба“ на фудбалскиот пазар и да постави нов рекорд кога се во прашање трансферите. Ќе видиме дали ќе бидат спремни ова лето.

Занимлива беше анкетата која ја направи шпанскиот „АС“, прашањето бешe:

„Дали сте за доаѓање на Нејмар во Реал Мадрид?“

На прашањето одговорот бил следен:

НЕ – одговориле 59,73%, односно 57.784 учесници

ДА – одговориле 40,27%, односно 38.966 читатели.