Се огласи Андре Силва по наводниот интерес од Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот напаѓач на Милан кој во моментов се наоѓа на позајмица во Севилја, Андре Силва се уште не ја знае својата иднина.

Во медиумите се шпекулира дека за него постои сериозен интерес од Барселона, а Португалецот во своите редови сака да го види и тимот на Милан по одличната сезона во дресот на тимот од Андалузија.

Исто така не е исклучен трансфер на 23 годишниот напаѓач и во Севилја, па останува да видиме каде ќе ја продолжи својата кариера.

„Сакам да играм во Севилја, но никој не знае што ќе се случи во иднина, се уште е многу рано“- кратко коментираше Силва.