Се остварија црните предвидувања: Хектор Белерин потешко повреден


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал минатиот викенд на домашен терен го совладаа Челси во големото лондонско дерби со 2-0.

Топџиите дојдоа до многу голема победа со која останаа во борба за местото кое води до ЛШ.

Меѓутоа црните предвидувања после повредата на Хектор Белерин се остварија.

Тој во финишот на натпреварот мораше да го напушти теренот откако доживеа повреда на коленото, а Арсенал денес и официјално потврди дека се работи за многу тешка повреда. Поради ова Шпанецот ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци.

„Тажните вести се дека Белерин ги скина лигаментите на левото колено. После прегледите установено е дека тоа е една од најтешките повреди што може играч да ги добие. Тој ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци, а опоравувањето би можело да трае и до девет месеци“, порачаа од Арсенал.