Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Милан на Сан Сиро ја победија Џенова во натпревар од 29-то коло во Серија А, 1:0.
Донарума со фантастична интервенција спречи топката да влезе во голот по шутот на Тарабт. Куцка неколку минути подоцна пропушти голема шанса за погодок.
Во 33-та минута Фернандез му донесе водство на росонерите.
Matias Fernandez Goal HD – AC Milan 1-0 Genoa… by Bundes-Liga
Лападула се закани во второто полувреме по голот на гостите, но Ламана го одбрани неговиот удар. Милан до крајот на натпреварот го задржа водството и победи, 1:0.
Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев не настапи на денешниот натпревар.
После денешната победа Милан ќе се искачи на шестата позиција со два бода помалку од петопласираниот Интер и еден повеќе од Аталанта која е шеста, но има и натпревар помалку.