Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро Икарди сезонава одигра 28 натпревари, а неговите 15 голови донесе многу бодови за Интер во италијанската Серија А.
Познатиот новинар Танкреди Палмери неодамна пишуваше дека Интер сака да го продаде Икарди на Јувентус, а сега има нови интересни информации.
Тој пишува дека Икарди ќе ја продолжи кариерата во Наполи или во Реал Мадрид, односно дека двата тима испратиле понуда до неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара.
Уште од претходно беше познато дека Наполи му нуди плата од девет милиони евра годишно, плус два милиони евра за бонуси, но можеби тоа нема да биде доволно.
„Кралевите“ подготвиле уште побогата понуда, но засега не се откриваат повеќе детали, па „срамежливо“ се споменува и интересот на Јувентус, кој ќе се вклучи во борбата за Аргентинецот.
Икарди веќе одредено време не игра за Интер, па јасно е дека до крајот на сезоната нема ниту да игра, наводно, поради повреда на коленото.
Меѓутоа, Интер без него некако ќе се обиде да избори пласман во Лигата на шампиони преку Серија А. Во моментов имаат 50 бодови и се на четвртото место.