Се сложувате дека овој тим на Дортмунд може да ја покори Европа во 2020 година?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Александер Исак се уште еден во низата на млади играчи и идна ѕвезда која стигна во Борусија Дортмунд.

Младиот 17-годишен Швеѓанин беше на прагот од Реал Мадрид како што пишуваше шпанска Марка во овие денови, но „Црниот Ибрахимовиќ“, како што го нарекуваат во Шведска, на крајот потпиша за Борусија од Дортмунд.

Се работи за висок напаѓач кој веќе постигна и еден гол за сениорксата репрезентација на Шведска со што стана најмлад играч во историјата на таа држава кој постигна за националната селекција.

Томас Тухел на овој начин продолжува да ја спроведува политиката на клубот да го гради тимот на млади играчи кои еден ден ќе станат мега ѕвезди.

Е сега, навивачите на Дортмунд го поставуваат логичното прашање – дали тие да останат сите заедно три години и тогаш да пробаат да ја покорат Европа?

Моментално во тимот во Дортмунд се наоѓаат неколку играчи кои сеуште немаат 22,23 години, а се наоѓаат на мета на бројни гиганти.

Хулијан Вајгл е на мета на Барселона, Реал Мадрид и бројни премиерлигаши, тука е Рафаел Гереиро, универзалец на левата страна, потоа талентираните Емре Мор, Осман Дембеле, пред кои е голема кариера, а тука е Марк Бартра кој со 28 години би бил најстар во споменатата 2020 година.

Сега во ова млада и талентирана екипа се придружи Александер Исак, момче родено во 1999 година.

Се на се, моменталните играчи на Дортмунд, со Исак, ако останат заедно три години, зошто не би можеле повторно да стигнат до ЛШ од сезоната 1994/95, кога децата на Ајакс ја покорија Европа под водство на Луј Ван Гал?

Погледнете како може да изгледа тимот на Борусија од Дортмунд во сезоната 2019/20, броевите покажуваат колку ТОГАШ овие играчи ќе имаат години: