„Се чувствувам одлично, среќен сум, и ова мораме да го продолжиме“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ние сме екипа, екипа која игра до последне момент, откри за Фокс Спортс Италија Матео Ковачиќ кој во ремито на Реал од 1:1 кај Барселона одигра 86 минути.

Освивме бод кој е многу добар за нас. Сега мораме да го продолжиме нашето патување. Готово е првенството? Не, нема шанси, уште има многу натпревари, па така не смееме да размислуваме. Веќе само за нови победи и тоа е тоа“.

Ковачиќ во последните натпревари се наметна кај Зинедин Зидан.

„Стигнав во минатата година и поминав низ еден многу тежок период, но научив многу. Се чувствувам одлично, среќен сум и морам вака да продолжам“.

Многу ми помогна Лука Модриќ…

„Нормално, не само во фудбалот, веќе и во приватниот живот. Мило ми е што играм со својот идол. Пријатели сме и така ќе остане“.