Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кој може да го одбие повикот од својата репрезентација?
Едгард Бауза повеќе не е селектор на Аргентина, а фудбалскиот сојуз сака поголемо име.
Минатата недела се појави информација дека Сампаоли е првиот пик, но денес се појави нова, а тоа е дека најголемата желба е Диего Симеоне.
Тренерот на Атлетико Мадрид дефинитивно би бил најдоброто решение, но прашање дали ќе се согласи да го напушти Висенте Калдерон.
Ова е единствената шанса на Симеоне да го преземе тимот со Лионел Меси во репрезентацијата и да ги одведе гаучосите на следното СП.