Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Извршниот директор на европскиот вицешампион Атлетико Мадрид, Мигуел Хил Марин рече во вторникот дека тренерот Диего Симеоне и идната сезона ќе ги води црвено-белите и така отфрлувајќи ги шпекулациите за заминување на 46-годишниот Аргентинец кој е на клупата од 2011 година.
„Во оваа и во идната сезона сигурно продолжува да биде тренер на Атлетико. Овде е пет години и разумно е да остане бидејќи сме многу задоволни со него. Заедно растеме, па за двете страни најпаметно е да продолжиме заедно уште многу години“, изјаив Хил Марин гостувајќи на шпанското радио „La Sexta“.
Фамилијата Хил е мнозински сопственик на клубот од брегот на реката Манзанарес.
Симеоне има договор до лето 2018 година, а порано одби да добие подолг договор. Атлетико после првиот дел од сезоната се наоѓа на шестото место во првенството со девет бода помалку и натпревар повеќе во однос на водечкиот Реал Мадрид.
Во минатиот месец се зголемија шпекулациите дека наскоро може да го напушти Атлетико со кој во 2014 и во 2016 година е поразен во драматично финале на ЛШ од градскиот ривал Реал Мадрид.
Во идната година Атлетико после 50 години ќе го напушти Висенте Калдерон и се сели на нов стадион па во медиумите се шпекулира дека воедно може да заврши тренерскиот циклус на Аргентинецот во Мадрид.
Симеоне во разговор за спортскиот дневен весник Марка рече “дека ќе биде тешко да пронајде подобра екипа од Атлетико каде што е тој тренер“.
„Во идните две години договорот може да се продолжи. Зошто да не остане врзан за местото кое го сака, каде што се чувствува добро“.
Како негово одредиште во медиумите се шпекулира милански Интер каде што некогаш играше и кој во последнатите сезони има нестабилни резултати. Како можна дестинација се наведува и репрезентацијата на Аргентина.