Симеоне со реакција по контроверзната прослава на Роналдо (ВИДЕО)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Дали Кристијано Роналдо со својата контроверзна прослава го навреди Симеоне?

Диего Симеоне во првиот меч помеѓу Атлетико и Јувентус имаше една контроверзна прослава на победата, а со иста мера му врати и Кристијано Роналдо по завршување на реваншот.

Јувентус славеше во вториот меч со 3:0, односно 3:2 во вкупниот скор, па Португалецот беше тој кој последен се смееше.

„Сигурно тоа го направи од иста причина како и јас на домашен терен. Им ја покажавме својата личност на навивачите“, истакна Симеоне по мечот.

Дали имаше да каже нешто во своја одбрана по завршувањето на мечот?

„Тие беа подобри тактички и ние мораме да им честитаме. Имавме една шанса преку Мората и тоа беше се. Моравме добро да се браниме, но тие не престанаа да не напаѓаат“, заврши Симеоне.