Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Седумнаесетгодишниот Џастин Клајверт дебитираше вчера за првата екипа на Ајакс.
Ајакс славеше на гостувањето кај Зволе со 3:1, а Клајверт во првиот дел влезе во игра на местото на Амин Џонс.
Џастин е син на легендарниот напаѓач Патрик Клајверт, кој својата кариера ја започна во Ајакс, и беше дел од златната генерација на овој клуб во 1990 година.
Патрик Клајверт во богатата кариера играше уште за Милан, Барселона, Њукасл, Валенсија, ПСВ и Лил.
Сега можеме да се надеваме дека и синот ќе тргне по неговите стапки.