Синот на Шумахер на 19 години ја освои Формула 3 (ВИДЕО)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мик Шумахер, синот на поранешниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, уште еднаш го покажа својот квалитет.

Мик стана нов европски шампион во Формула 3, откако ја освои титулата една трка пред крајот.

Со освојување на второто место во Хокенхајм пред последниот настап, Мик си ја заврши работата.

„Пресреќен сум и уште не можам да верувам. Екипата премногу ми помогна“, кажа 19-годишниот Мик.