Сисоко откри кој е „виновен“ за неговиот трансфер во Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Муса Сисоко вчера стана нов член на Тотенхем во кој тим стигна за 30 милиони фунти.

Сега веќе поранешниот фудбалер на Њукасл по доаѓањето на Вајт Харт Лејн даде изјава во која откри кој е главен виновник за тоа.

„Уго Лорис е еден од тие кои имаат голема заслуга за овој трансфер. Секогаш ми зборува се најдобро за Тотенхем кога претстојувавме на репрезентивниот собир. Го фалеше овој клуб и среќен сум што сум тука и што и овде ќе играме заедно“, рече Сисоко.

Францускиот фудбалер во минатите три години помина во Њукасл за кој одигра 133 натпревари и постигна 12 погодоци.