Сите зборуваат за Кепа, но вчера Челси покажа и нешто многу поважно


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Челси после пеналите беше поразен во финалето на Карабао купот од Манчестер Сити, а тема за коментирање беше „недоразбирањето“ помеѓу Сари и голманот Кепа.

Челси беа поразени, но во оваа средба изгледаа многу подобро отколку претходно откако беа поразени од Сити со 6-0. После 120 минути игра, Сари покажа некој нов Челси кој ако не беше подобар, не беше ниту полош од Сити.

Доколку Кепа не го направеше тоа што го направи и доколку го одбранеше пеналот кој не го одбрани, за Челси сега ќе се разговараше сосем поразлично.

„Ако денес го гледавте натпреварот, можеше да забележите дека играчите играа точно онака како што што сакавме и како што се спремавме“, рече Сари.

„Така да задоволен сум многу од ситуацијата. Среќен сум и горд на своите играчи. Одигравме одлична партија протв според мене најдобриот тим во Европа“.

Ова се зборови кои не ги очекувавме од тренер кој е многу критикуван во последно време. „Горд на играчите“? после потегот кој Кепа го направи?