Сити до крајот на седмицата ќе доведе две одлични засилувања за 123 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако им се верува на британските медиуми, Граѓаните до крајот на оваа седмица ќе претстават двајца нови фудбалери со кои конкуренцијата во тимот додатно ќе се зголеми.

Наводно Граѓаните го договориле доаѓањето на Жоржињо од Наполи за 55 милиони евра. Бразилскиот фудбалер е на одмор моментално во татковината, но веќе наводно се е договорено и годишно ќе заработува по 4.2 милиони евра, што е многу повеќе од досегашната плата која ја зема во Наполи (1.6).

Другото големо засилување би требало да биде Марез, кој зимата беше многу близу до Етихад но тогаш Лестер не сакаше да го пушти. Алжирецот на кратко штрајкуваше, пропушти неколку тренинзи и натпревари а потоа се врати да ја заврши коректно сезоната, а не е никаква тајна дека одамна се засити од играењето за тимот на Лестер.

Лестер за Марез во јануари бараше 80 милиони евра, но тоа беше премногу, па сега ќе прифатат 68 милиони, колку што Сити дава за него.