Сити испрати официјална понуда за Бразилец од Гремио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити направи добар потег со ангажирањето на Габриел Жесус во 2017 година од Палмеирас, а наскоро би можеле да добијат уште еден Бразилец.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола сака да го ангажира Евертон Соареш од Гремио, а „ЕСПН“ пишува дека Сити веќе испратил понуда од 55 милиони евра.

Овој 22-годишен крилен фудбалер може да игра и на место на класичен напаѓач, а и претходно се поврзуваше со англискиот шампион.

Трансферот на Соареш би можел наскоро да биде потврден, а и самиот фудбалер кажа тоа го потврди со потег на Инстаграм.

Тоа е тивка порака дека сака да замине, а Сити испрати понуда и чека одговор од бразилскиот гигант, за кој Соареш сезонава постигна десет голови во 27 настапи.