Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Манчестер Сити славеше во дербито на 21. коло во Премиер Лигата откако со 2:1 го совлада лидерот на табелата, Ливерпул и со тоа му го нанесе првиот сезонски пораз на тимот предводен од Јирген Клоп.
Манчестер Сити прв дојде до водство во 40. минута кога Бернардо Силва одлично асистираше до Кун Агуеро кој го совлада Алисон Бекер.
Ливерпул стигна до израмнување во 64. минута кога Фирмино со глава го совлада Едерсон, а одлична асистенција имаше Робертсон.
Конечниот резултат го постави Лерој Сани по само осум минути од примениот погодок.
И покрај поразот Ливерпул останува лидер на табелата со 54 бодови, додека Манчестер Сити сега има 50 бода на своето конто.