Сити напаѓаше и промашуваше, Челси брилијатно казни за голем пресврт!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси победија како гости против Манчестер Сити со 3:1 во рамките на 14 коло на англиската Премиерлига.

Одличен меч е виден на Итихад, а на крајот Сините стигнаа до голема победа во овој меч.

Доста возбудувања во првиот дел се видени, но првите 45 минути донесоа само еден гол.

Во 45 минута Сити поведе и тоа со автоголот на Гери Кејхил.

Со водство на домаќините се отиде на одмор, а во  продолжението Челси стигна до голем пресврт.

Диего Коста во 60 минута погоди за 1:1, а десет минути подоцна Вилијан погоди за пресврт и водство од 2:1. Иако Сити пробуваше да дојде до бод во 90 минута Еден Азар погоди за конечен резултат од 3:1 и победа на Челси.

Граѓаните остана на на крајот со двајца играчи бидејќи се исклучени Агуеро и Фернандињо.