Сити најде фантастична замена за Браво?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалски стручнак на клупата на Манчестер Сити Пеп Гвардиола може наскоро да доведе замена за чилеанскиот голман Клауидо Браво.

Браво стигна во минатото лето во редовите на Манчестер Сити и тоа од Барселона,. Но засега не му оди баш најдобро во Премиер лигата.

Навивачите на клубот од Итихад баш во него гледаат виновник за лошите резултати во оваа сезона, па англиските медиуми се почесто шпекулираат за негова замена.

Сега се споменува дека тоа може да биде Том Хитон, голманот на Барнли кој во оваа сезона ја восхити англиската јавност со своите одлични партии на голот на овој клуб од долниот дел на табелата.

Посебно импресивна беше неговата партија против Манчестер Јунајтед каде што бранеше речиси невозможо и го излуди Златан Ибрахимовиќ.

Се смета дека Барнли бара околу 15 милиони фунти за овој голман, а освен Сити заинтересирани се Ливерпул и Евертон.