Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во натпреварот на двете непоразени екипи во Премиер Лигата, фудбалерите на Манчестер Сити го прегазија тимот на Ливерпул со високи 5:0.
Натпреварот на „Етихад“ требаше да претставува дерби во четвртото коло, но избраниците на Пеп Гвардиола буквално се прошетаа по тревникот и го торпедираа гостинскиот итм. Серхио Агуеро во 24. минута ги донесе „граѓаните“ во водство, а опасниот старт на Мане над Едерсон му донесе црвен картон и дополнително ја отежни работата за „црвените“.
До крајот на полувремето Габриел Хесус го постигна и вториот погодок за екипата на Сити на овој натпревар.
Тогаш се знаеше дека избраниците на Клоп во Ливерпул ќе се вратат со празни раце, но никој не помислуваше дека ќе примат „петарда“ во својата мрежа. Веќе на стартот на второто полувреме Габриел Хесус го постигна својот втор гол за високи 3:0.
Лерој Сане го замени двојниот стрелец Хесус и го замени во иста мера. Младиот Германец уште два пати ја погоди мрежата на гостите за конечни 5:0.