Сити уште во првиот натпревар обезбеди пласман во следната фаза

Манчестер Сити веќе во првиот натпревар одигран во Базел го прослави пласманот во четврт финалето од Лигата на шампионите.

Избраниците на Пеп Гвардиола не оставија ништо на случајност и со високи 4:0 се враќаат од гостувањето во Швајцарија и мирно ќе го дочекаат реваншот за две недели.

Манчестер Сити во само девет минути во првиот дел го реши името на победникот. Во 14. минута Гундоган го отвори резултатот, а само четири минути подоцна Силва зголеми на 2:0. Третиот гол за Манчестер Сити го постигна Агуеро во 23. минута.

Илкај Гундоган во 53. минута го постигна четвртиот гол за Манчестер Сити и го постави конечниот резултат на натпреварот.