Ситуацијата во Лондон е бурна: Азар имал ново барање за Сари!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Трансфер драмата во која летово беа вклучени Еден Азар и Тибо Куртоа наскоро би можела да биде завршена.

Англичаните може да купуваат до деветти август, а тешко дека ќе ги продадат најдобрите играчи во случај да не најдат соодветни замени.

Ситуацијата е таква со голманот Куртоа, кој сака да се пресели во Реал Мадрид, а тоа го потврди и неговиот агент во последната изјава.

Со Азар ситуацијата е поинаква. Играчот најверојатно не би имал ништо против да ја смени средината, а тоа го потврдуваат и некои информации од Лондон дека засега одбил да потпише нов договор.

Англискиот клуб очигледно решил, не сака да го продаде Азар летово и тоа го потврдуваат зборовите на Маурицио Сари.

„Разговарав со Азар, но не за трансфер. Ме праша дали може да дојде во понеделник наместо во недела. Засега немаме никакви проблеми“, кажа Сари.

Челси денеска ќе игра против Манчестер сити во Комјунити Шилд, а Сари, покрај приказната за Азар, откри која е неговата цел во новата сезона.

„Минатогодишната табела вели дека Сити имаше 100, а Челси 70 бода. Ќе се обидеме да ги намалиме тие 30 бода заостанување, а за тоа постои еден начин – работа! Јас треба да ги подобрам играчите кои ги имам и тоа ќе се обидам да го направам“, вели Сари.