Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Привремениот селектор на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Скалони објави пред неколку дена список на фудбалери за пријателските мечево со Гватемала и Колумбија.
На списокот на фудбалери го нема Лионел Меси, кој побара пауза од репрезентативните обврски.
Аргентинските медиуми тврдат дека кариерата на Меси во дресот на репрезентацијата заврши на СП во Русија, а селекторот признава дека околу ова не разговарал со Лео.
„Разговарав со него и после тоа тој не доби повик за овие натпревари. Искрено не сме разговарале што ќе биде во иднина“, изјави Скалони за The Guardian и додаде:
„Сите знаеме што претставува Меси за нас, но ќе видиме што ќе се случи. Имам многу добар однос со него, разговаравме отворено, па ќе видиме што ќе се случува во иднина“, истајна тој.
Меси за Гаучосите има одиграно 128 натпревари и има постигнато 65 погодоци, најмногу во историјата на оваа земја.