СКАНДАЛ во Лигата на нациите признание на шведскиот репрезентативец: Судијата ни вети дека ќе досуди два пенали за нас?! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турција испадна од Лигата Б, во рамки на Лигата на нациите по поразот од Шведска со 1:0 на домашен терен, но планира да поднесе жалба.

Сето тоа го поттикна шведскиот репрезентативец и добро познато име Маркус Берг, кој истакна дека судијата им ветил дека ќе досуди пенал.

„На полувреме отидов кај судијата за да се покажам дека не ни досуди пенал по прекршокот направен врз мене. Ми кажа: Ќе ја погледнам ситуацијата во соблекувалната. Ако сум погрешил, ќе ви дадам два пенали во второто полувреме“, го раскажа разговорот со судијата, Берг.

Романскиот судија подоцна досуди пенал за гостите, од кој Андреас Гранквист го постигна одлучувачкиот погодок во 71. минута.

https://youtu.be/H6llbzOA9Tw