Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
34 годишната жена од САД, Кетрин Мајорга тврди дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас.
Германскиот медиум „Дер Шпигел“ пишува дека Португалецот за молчењето на Мајорга и платил 375.000 долари. Сепак, девојката по речиси десет години се реши да излезе во јавност и да ја каже вистината.
Роналдо наводно тврдел дека не ја силувал девојката и дека сексот бил обостран. Но, адвокатите на Мајорга го негираат тоа.
Кога се случил инцидентот Роналдо бил под договор со Реал Мадрид, а силувањето се случило по ноќна забава на која Португалецот присуствувал со своето потесно семејство во Лас Вегас.
Роналдо и неговиот правен тим се уште не се имаат произнесено во јавноста по овие обвинувања од страна на Кетрин Мајорга.