Скандал до скандал: Олимписка шампионка суспендирана осум години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Олимписката шампионка во маратон, Џемим Сумгонг е суспендирана денес на осум години, бидејли лажела на сослушувањето врзано за допинг.

Сумгонг веќе е суспендирана на четири години, бидејќи во 2017. година била позитивна на забранетата супстанца ЕПО, но по новата казна, надвор од натпреварувањата ќе биде до 2027, година, бидејќи судијата пресуди дека таа направила лажни податоци за посетата во болницата, за да објасни зошто паднала на допинг тестот.

Сумгонг која изминатиот месец наполни 34 години, во 2012. година благодарение на жалбата го собори допинг случајот кој се водеше против неа.

На Олимписките игри во Рио 2016. година, стана првата Кенијка која ја освоила златната медала во маратон.

Истата година таа триумфираше и на маратонот во Лондон.