Скандал на „Емирати“: Откриени шокантни детали – Венгер бил избркан од Арсенал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џек Вилшер летово по 17 години го напушти Арсенал и реши кариерата да ја продолжи во дресот на градскиот ривал Вест хем.

Во Арсенал решија на крајот на минатата сезона да не му го продолжат договорот на Вилшер, кој како слободен играч замина во Вест хем.

За англиските медиуми 26-годишниот фудбалер кажа дека Арсен Венгер не решил да го напушти Арсенал по 22 години, туку дека добил отказ, но никој не сакал да зборува за тоа.

Вилшер беше сигурен дека останува во Арсенал, но откако беше објавено дека Венгер го напушта клубот, ситуацијата целосно се сменила.

„Бев во последната година од договорот и зборував со тогашниот тренер Венгер и ми кажа дека нема да ми дадат нов договор. Бев повреден, но решив да ја искористам последната година од договорот. Конечно почнав да играм и во јануари ми кажаа дека сакаат да останам. Бев подготвен да ја продолжам соработката, но потоа го избркаа Венгер и тоа се смени“, вели Вилшер.