„Скај Италија“: Алисон се договори, па наскоро се сели во нов клуб!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Одличниот бразилски голман Алисон Бекер ќе ја напушти Рома и тоа очигледно ќе се случи летово.

За Алисон покажаа интерес многу европски гигант, а главната битка ја водеа Реал Мадрид, Ливерпул и Челси, но „Скај Италија“ пишува дека „црвените“ биле најконкретни и наскоро се очекува официјална потврда.

Експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио, исто така објави дека трансферот е пред реализација и дека Бразилецот следната сезона ќе брани во Англија.

Наводно, Ливерпул ќе го плати 60 милиони евра со 10 милиони за бонуси, па така трансферот ќе изнесува вкупно 70 милиони евра.