Скај Италија: Даглас Коста во Јуве е завршена работа !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Еден од најтиражните италијански весници Скај Италија ја пренесува веста дека, Јувентус се договорил со Баерн за позајмица на Даглас Коста, и дека играчот ќе пристигне на лекарски преглед веќе в среда.

„Бјанконерите“ беа во разговори со бразилецот уште од мај, но овие денови се тргна посериозни и како што јавува Скај, веќе в среда Коста ќе биде претставен како нов играч на италијанскиот шампион.

Од Баерн Минхен денеска потврдија дека преговорите се во завршна фаза, а германскиот шампион ќе добие шест милиони за едногодишната позајмица, додека пак ако Коста ги задоволи челниците на Јуве, тие ќе имаат и право на откуп на играчот кој би ги чинел 40 милиони.