„Скај Италија“ пренесува дека Годин ги поминал медицинските прегледи со Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од одбраната на Атлетико Мадрид, Диего Годин ги поминал медицинските прегледи со Интер и ќе му се приклучи на тимот како слободен фудбалер кога неговиот договор со „Јорганџиите“ ќе истече по крајот на оваа сезона.

Годин на последниот ден од преодниот рок се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, но тогаш се реши да остане во редовите на Атлетико Мадрид.

Сега, Уругваецот сам побарал да биде продаден и брзо се договорил со тимот на Интер во кој ќе настапува од следната сезона.