Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед ја критикуваше одлуката на фудбалерот на Арсенал да се придружи на Борнмаут.
Џек Вилшер до крајот на оваа сезона ќе игра за екипата на Борнмаут, како позајмен играч од Арсенал.
Тој го загуби местото во составот со доаѓањето на Гранит Џака, а сега нема сомнеж дека во плановите на Венгер пред сего се и Ремзи, Казорла, Елнени и Кокелан.
Во последниот ден од преодниот рок е одлучено да замина на едногодишна позајмица, а се очекуваше да замине во редовите на италијанска Рома.
Со римјаните ќе играше во Серија А и Лига Европа, но Вилшер на крајот се одлучи да ја прифати понудата на Борнмаут и така остана во Премиер лигата.
Пол Сколс оваа одлука е окарактеризира како погрешна и смета дека за Арсенал, англиската репрезентација и самиот Вилшер би било подобро да ја избере Рома.
„Ќе добиеше искуство со играње на интернационално ниво, што би било одлично и за него како и за репрезентацијата на Англија“, почна со излагањето Сколс.
„Тоа што премина во Борнмаут, не значи дека ќе игра цело време.
Едноставно, мораш да се докажеш за да играш, сеедно е дали си во Борнмаут, Арсенал, Манчестер Јунајтед или Рома.
Сигурен сум дека играчите на Борнмаут сега зборуваат во себе дека ќе играат пред Џек, тие го сакаат неговото место“, додаде легендарниот играч за врска.
„На крајот, се се сведува на тоа дали ќе биде здрав. Знам дека има големи проблеми со членот.
Доколку ги избегне повредите, нема сомнеж дека тој е најдобар играч таму. Но тој би требало да настојува да игра во тим кој е меѓу најдобрите четири екипи во Англија. Едноставно се грижам дека ги спушти своите цели“, заклучи Пол Сколс.